За assistive.mk

Outboard Support Hub (кои стојат позади assistive.mk) претставува млада компанија, стартап, основана во 2019 година. Наша цел претставува асистивните уреди кои им се нужно потребни на лицата со попреченост да ги направиме достапни на нашите простори со што ќе ги подобриме условите за живот на овие лица.

Основачите на Outboard Support Hub имаат долгогодишно искуство добиено со истражување и работа со асистивни уреди кои ги користат лицата со попреченост. Работиме и на развој и производство на наши уреди кои ќе ја намалат цената на чинење на постоечките уреди и ќе го олеснат животот на лицата со попреченост.

Соработуваме со голем дел на невладини компании и здруженија за поддршка на лицата со попреченост со цел тестирање и развој на нашите производи.