Assistive.mk лого
Технологија за СИТЕ

Асистивни уреди за секој

Правиме асистивните уреди лесно достапни за лицата со попреченост во Македонија. Специјализирани тастатури, глувчиња, џојстици и многу повеќе.

Assistive.mk

За лицата со попреченост

Нашите производи се специјално дизајнирани за да им помогнат на луѓето со различни попречености да ги користат компјутерите полесно.

Долгогодишно искуство

Основачите на Assistive.mk имаат долгогодишно искуство добиено со истражување и работа со асистивни уреди.

Лесна достапност

Наша единствена цел е асистивните уреди кои им се нужно потребни на лицата со попреченост да ги направиме лесно достапни.

За нас

Нашата мисија

Основачите на Assistive.mk имаат долгогодишно искуство добиено со истражување и работа со асистивни уреди кои ги користат лицата со попреченост. Наша единствена цел претставува асистивните уреди кои им се нужно потребни на лицата со попреченост да ги направиме лесно достапни на нашите простори.

Неуморно работиме на дизајн, развој и производство на наши асистивни уреди кои дополнително ќе ја намалат цената на чинење на постоечките уреди и ќе ги приближат истите на нашите верни клиенти.

Производи

Издвоени производи

Детска тастатура
Тастатури

Детска тастатура

Овие тастатури се предвидени да се користат од страна на лица кои имаат потешкотии со видот или некоја попреченост која го оневозможува користењето на стандардните тастатури, како и од страна на мали деца.

Повеќе информации
Тастатура со зголемени тастери
Тастатури

Тастатура со зголемени тастери

Овие тастатури се предвидени да се користат од страна на лица кои имаат потешкотии со видот или некоја попреченост која го оневозможува користењето на стандардните тастатури.

Повеќе информации
Рачно глувче
Глувчиња

Рачно глувче

Ергономско рачно глувче дизајнирано за употреба со една рака. Овој уред е идеален за лица со ограничени движења или потешкотии со координацијата. Издвоената топка за управување (трекбол) обезбедува прецизна контрола без потреба од движење на целата рака.

Повеќе информации
Trackball глувче (без скрол)
Глувчиња

Trackball глувче (без скрол)

Компјутерско глувче кое се состои од мало топче кое слободно се ротира во фиксна основа. Со помош на топчето се управува курсорот на екранот, а дополнителните тастери имаат функција како тастерите на стандардното глувче.

Повеќе информации

Заинтересирани сте за некој производ?

Контактирајте нѐ преку телефон или е-пошта и со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања.